Енергетската криза ја забрза транзицијата

Bez autora
May 15 2023

Соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов, заедно со директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, и директорот на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, учествуваа на Белградскиот меѓународен енергетски форум – БЕФ 2023.

„Забрзана енергетска транзиција е клучен адут за посилен економски раст на регионот, производството на чиста зелена енергија ќе донесе нови работни места“, порача Андонов на панел-дискусијата „Енергетски систем на Југоисточна Европа – стратегии за надминување на кризата“.

„Енергетската криза нè научи дека точно таргетираните цели со прецизен план и темпо на реализација носат резултати како што беше изминатава тешка грејна сезона. Сега ни е потребен план во кој енергетските политики ќе ја покажат трасата на забрзаната енергетска транзиција, која е реалност во Северна Македонија.

Во земјата за една година и четири месеци издадени се лиценци за 428 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, односно за 207 MWh инсталирана моќност ,која е еднаква речиси на производството од еден блок од клучниот енергетски столб РЕК „Битола“ или со оваа нова инсталирана моќност вклучена на мрежа за една година и четири месеци може да се задоволат десет града во нашата земја“, рече Андонов.

Развојните проекти се фокусот на кој државната ЕСМ работи во моментот, обелодени директорот Васко Стефанов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik